Јадеш малку, вежбаш, а
Не е до твојата волја. Кога инсулинот и хормоните се надвор од рамнотежа, телото не попушта. За 12 недели, со две докторки на твојот случај и 60-минутна консултација, дознаваш што е кај тебе и телото конечно почнува да соработува.
Работиме на причините, на инсулинот и на хормоните, а не симптом по симптом.
Твоите анализи ги гледаат д-р Марија и д-р Клаудија. Над 500 пациентки поминале низ овој пристап.
Веднаш по уплатата добиваш чекори. Без месеци чекање за преглед.
Јадеш доволно, по редослед што го смирува инсулинот. И не си сама: прашуваш секоја недела.
Допри ги картичките што се однесуваат на тебе.
0 од 8 · допри ја првата картичка
Тоа се две различни состојби. Можеш да ја имаш едната без другата, а кај многу жени се јавуваат заедно. Во PCOS LIFE работиме на двете.
Работиме на хормоналниот баланс, циклусот, кожата и косата.
Работиме на смирување на инсулинот, тежината, кризите и енергијата.
Ги работиме паралелно и по редослед, бидејќи кога едната се смирува, полесно попушта и другата.
На консултацијата прво гледаме што е кај тебе, па оттаму почнуваш.
Кога инсулинот е постојано висок, јајниците создаваат повеќе андрогени. Оттаму доаѓаат нередовниот циклус, акните и влакненцата. А истиот тој инсулин му кажува на телото да складира, наместо да троши.
Не секоја жена со полицистични јајници има инсулинска резистенција, и не секоја жена со инсулинска резистенција има полицистични јајници. Но кога инсулинот е висок, тој влијае на сѐ. Затоа „јади помалку и вежбај повеќе“ не дава резултат. Колку повеќе гладуваш, толку посилни се кризите, и кругот се врти одново.
Не уште една диета. Систем што го водат докторки, чекор по чекор.
„Ме научи како да јадам правилно, а јас цел живот се изгладнував.“
„Вагата покажа −6 кг за 17 дена… и расположението е одма подруго.“
„Постепено сѐ си доаѓа на свое место, вклучувајќи и овулација.“
Само консултацијата самостојно чини 5.500 ден. Тука добиваш три месеци за 6.000.
Твоите анализи, симптоми, циклус и историја, гледани заедно. Излегуваш со јасни насоки од што да почнеш.
Пред консултацијата, д-р Марија и д-р Клаудија ги разгледуваат твоите резултати заедно. Ти кажуваме и кои анализи навистина ти требаат, за да не плаќаш непотребни.
Исхрана, суплементација, сон, стрес и движење, по редослед. Секоја недела прашуваш и добиваш одговор во живо, меѓу жени што поминуваат низ истото.
Програмата на д-р Марија за полицистични јајници и инсулинска резистенција, чекор по чекор, на која се враќаш кога ќе ти треба.

Што со што да замениш, како да јадеш во ресторан и на гости, отстапување без вина, организација на седмицата, ист ручек за целото семејство, што да носиш на работа и како да се снајдеш во смени. Го добиваш веднаш по потврдата на уплатата, за да почнеш уште додека ги чекаш анализите.
Со упат од Бекамедика. Анализите не се вклучени во цената, но со попустот плаќаш значително помалку.











Искуства од пациентки на д-р Марија и членки на програмите на Бекамедика, споделени со нивна согласност. Резултатите се индивидуални и зависат од состојбата и од придржувањето кон насоките.
Докторка по функционална медицина со над 10 години клиничко искуство. Полицистичните јајници и инсулинската резистенција се во срцето на нејзината работа.
Програмата PCOS FIX е изградена од нејзиното искуство со стотици пациентки. Секој случај во PCOS LIFE поминува и низ нејзин преглед.
Лекар по општа медицина. Пред Бекамедика работеше како матичен лекар, со најмногу дваесет минути по пациент.
Веќе подолго време работи по пристапот на д-р Марија, под нејзин непосреден надзор. Таа ќе те праша за она што другите не стигнале да го прашаат, и ќе има време да го слушне одговорот.
Ти разговараш со д-р Клаудија. Зад секоја насока стои искуството на д-р Марија. Твојот случај го гледаат двете, па консултацијата не почнува од нула.
Еднократно, 6.000 ден. Местото е твое.
Листа на анализи со точни параметри и прашалник.
Д-р Марија и д-р Клаудија го разгледуваат твојот случај.
Јасни насоки од што да почнеш.
Програма, сесии во живо секоја недела и заедница.