HASHIMOTO LIFE · За жени со Хашимото

Ја пиете терапијата. TSH ви е уреден. А сѐ уште се будите уморни.

Не го измислувате. За три месеци, со 60-минутна консултација на почетокот и докторка што секоја седмица гледа како ви оди, дознавате што друго стои зад заморот, килограмите и косата што опаѓа, и од што да почнете. Вашите резултати ги разгледуваат две докторки заедно.

60 мининдивидуална консултација
3 месециседмични сесии
★ 5,0на Google
Промотивен прием до 31.10.2026
12.1006.000ден.
за целата тримесечна програма, со вклучена консултација
00дена
00часа
00мин
00сек
до крајот на промотивниот прием, 31.10.2026
Зачленете се за 6.000 ден. →
Пристап по потврдата на уплатата · Ограничен број консултации · ★ 5,0 на Google
Препознавање

„Наодите ви се добри.“ А вие не се чувствувате така.

Означете сѐ што ви е познато:

Зошто TSH не е доволен

Една бројка не ја кажува целата приказна.

Терапијата го надоместува хормонот што тироидната жлезда не го создава доволно. Тоа е важно и терапијата не ја менуваме. Но TSH не кажува ништо за шеќерот во крвта, за железото, за стресот или за цревата, а сето тоа може да влијае врз енергијата, тежината и косата.

Кај една жена во преден план е заморот. Кај друга, килограмите. Кај трета, варењето. Иста дијагноза, различна слика.

Затоа не почнуваме со уште една универзална диета или список суплементи. Почнуваме со лекарска проценка на вашиот случај.

Hashimoto LIFE · Промотивен прием

Што добивате за 6.000 ден.

  • 1
    Индивидуална консултација од 60 минути со д-р Клаудија Димеска

    Вашите анализи, терапија, симптоми и историја, гледани заедно. Излегувате со јасни насоки од што да почнете.

    Самостојно: 5.500 ден.
  • 2
    Две докторки на вашиот случај

    Пред првиот разговор, д-р Марија и д-р Клаудија ги разгледуваат вашите резултати заедно, па консултацијата не почнува од нула. Ви кажуваме и кои испитувања навистина ви се потребни, а кои не, за да не плаќате анализи што не менуваат ништо.

  • 3
    12 седмици сесии во живо

    Секоја седмица прашувате, а ние гледаме како ви оди.

    Не се продава одделно. Достапно само за членки.
  • 4
    Програмата за Хашимото

    Исхрана, инсулин, стрес и црева, по редослед, а не во парчиња од интернет.

  • 5
    Заедница со жени што поминуваат низ истото
Бонус 1
  • ★
    Водич „Хашимото во вистинскиот живот“

    Што со што да замените. Како да јадете во ресторан и на гости. Кога е во ред да направите отстапка и како да се вратите без вина. Како да ја организирате седмицата и да подготвите храна однапред. Како да ги прилагодите јадењата за целото семејство, што да носите на работа и како да се снајдете ако работите во смени.

    Го добивате веднаш по потврдата на уплатата, за да почнете уште додека ги чекате анализите.

    Самостојно: 2.000 ден.
Бонус 2
  • ★
    30% попуст за анализите во Дијагностичка лабораторија Рамус

    Со упат од Бекамедика. Анализите не се вклучени во цената, но со овој попуст плаќате значително помалку за нив.

Редовната цена на тримесечната програма е 12.100 ден. (197 €). Сега ја добивате за 6.000 ден., заедно со консултацијата, водичот и попустот за анализите.
Промотивен прием
12.1006.000ден.
до 31.10.2026
Зачленете се за 6.000 ден. →
Методот: д-р Марија Бојчевска-Јусеин

Јас сум докторка. И јас имам Хашимото.

Имав наоди што велеа дека сѐ е во ред, и тело што велеше дека не е. Ми беше кажано истото што веројатно и вам ви е кажано: „Дојдете на контрола за 6 месеци.“

„Не го прифатив.“

Учев како исхраната, инсулинот, стресот и цревата се поврзуваат со тироидната жлезда. Тоа го применував прво на себе, а потоа во работата со пациентките. Од тоа произлезе пристапот по кој работиме денес.

500+пациентки
6 годинисо Хашимото
★ 5,0на Google
Докторката што ве води: д-р Клаудија Димеска ↓
д-р Клаудија ДимескаЈа води вашата консултација
Докторката што ве води

д-р Клаудија Димеска

Лекар по општа медицина. Пред Бекамедика, околу две и пол години работеше како матичен лекар: протоколи, администрација и најмногу дваесет минути по пациент.

Кога ги прашував пациентите за сонот, исхраната, работата и стресот, често ме гледаа збунето: ‚Зошто ме прашувате вака?‘д-р Клаудија Димеска

Веќе подолго време работи по пристапот на д-р Марија, под нејзин непосреден надзор. Таа ќе ве праша за она што другите не стигнале да го прашаат, и ќе има време да го слушне одговорот.

НА ПОЧЕТОКОТ

Ја води вашата 60-минутна консултација.

СЕКОЈА СЕДМИЦА

Ги води сесиите во живо во заедницата.

ЗАД СЦЕНАТА

Секој случај го носи на заеднички преглед со д-р Марија.

+

Две докторки, еден поглед на вашиот случај

Вие разговарате со д-р Клаудија. Зад секоја насока стои искуството на д-р Марија.

Консултацијата

60 минути во кои гледаме повеќе од една бројка

Анализите не ги читаме една по една, туку една во однос на друга, заедно со терапијата, симптомите и историјата.

01
TSH и FT4Допрете ↻
Дали дозата навистина ви одговара или само ја „поминува“ референцата.
02
FT3Допрете ↻
Дали хормонот се претвора во активната форма што телото ја користи.
03
Anti-TPO и Anti-TGДопрете ↻
Колку е активен автоимуниот процес.
04
Феритин, витамин D, витамин B12Допрете ↻
Чести придружни причини за замор и опаѓање на косата.
05
Шеќер и инсулинДопрете ↻
Еден од можните одговори зошто килограмите не попуштаат.
06
Што недостасуваДопрете ↻
Која анализа навистина ви треба, а која не.

По консултацијата ќе знаете:

  • што од вашите наоди е важно токму за вашите симптоми
  • од што да почнете прво, а што може да почека
  • како да ги искористите следните три месеци
Доказ

Што велат жените што биле внатре

V
Валерија П.Google · пред 4 месеци
★★★★★3-месечен Хашимотов ресет

„Моето мислење беше дека јас имам Хашимото и треба да си живеам со тоа“

На право место сте доколку имате или се сомневате дека имате проблем со тироидната жлезда и дигестивни проблеми. Моето мислење беше дека јас имам Хашимото и треба да си живеам со тоа, со сите нелагодности што ги носи: страшни мигренозни главоболки кои некогаш беа и до еден месец денонoќни, изразен и болен пмс, подуеност, опстипација, дебелеење иако внесот на калории бил минимален, хроничен умор, активна хеликобактер со болки во желудник, спиење на прекини, болки во зглобови...Д-р Марија има огромно знаење и уникатен пристап и решение за целосната проблематика што ја имаме со Хашимото, сигурно и единствена во Македонија. Секогаш подготвена за поддршка и упорна да го елиминараме секој симптом. За 5 недели од 3месечниот хашимотов ресет можам да кажам дека 70% од потешкотиите ги имам заборавено 🙂

Е
Елена Т.Google · пред 3 месеци
★★★★★3-месечен Хашимотов ресет

„Заедно успеавме да ги намалиме антителата на тироидната жлезда“

Најпрво голема благодарност до д-р Марија, за нејзината посветеност, нејзиното знаење, нејзината поддршка и нејзината програма - 3 месечен Хашимотов ресет.

Јас би напишала мое кратко мислење за досегашното искуство со програмата - 3 месечен хашимотов ресет.

Од како докторката ми даде да испитам се она за што таа се сомневаше дека имам и сетоа тоа што ми правеше проблем во секојдневието, ги направив лабараториските анализи и се потврди дека е така како што таа мислеше. Ми дозволи да влезам во програмата и почнавме со неа.

Програмата беше добро смислена и направена, што научив доста многу за оваа автоимуна болест.

Да бидам искрена не верував дека ќе ја издржам програмата, но сепак за среќа се придржував по планот и насоките од д-р Марија и заедно успеавме да ги намалиме антителата на тироидната жлезда и инсулинската резистенција, со што јас се чуствував подобро, поздраво, поенергично, повитално, ...

Online сесиите и viber групата со д-р Марија и сите вклучени во програмата, беше голема поддршка, помош и мотивација за мене.

На секој кој што има проблем и се двоуми дали да везе во ваква програма, би му препорачала да го направи тоа и да си го промени својот живот.

Со љубов, Елена 💜

Е
Елена Р.Google · пред 3 месеци
★★★★★Hashimoto LIFE

„Не сме оставени сами на себе да си пиеме Еутирокс“

Доктор Марија е првата Докторка што ја имам сретнато која што е 100% насочена кон пациентот и неговата целосна здравствена слика. И јас како и сите други со Хашимото сме наишле на outcome на сите прегледи кај специјалисти каде што единствениот совет што ќе го добиеш е: пиј си Еутирокс и толку. Многу пати сум прашувала за дополнителни совети и насоки и одговорот секогаш бил тишина.

Доктор Марија е фантастична личност која што темелно советува, посветено ни пренесува знаење и насоки, е во тек со медицинските новости и има пристап што е уникатен и делотворен. Програмата што ја има приготвено е еквивалентна на учење втор факултет. Хашимото Лајф заедницата ни е место каде што сме разбрани и прифатени и секојдневно учиме нешто ново. Но, најважно од се е дека не сме оставени сами на себе да си пиеме Еутирокс и да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Учиме како да живееме со оваа состојба и како успешно да се бориме со неа. Сето тоа благодарение на Др. Марија.

E
Elena A.Google · пред 1 недела
★★★★★

Vistinska odluka za sekoj sto se soocuva so hipotireoza, no i mnogu povekje od toa.

Od dolgogodisno macenje so dva ciklusi vo mesecot i razlicni deficiti, do vekje sedum meseci redoven ciklus otkako zapocnavme ! 😘 🥹

Isceznuvanje na proletna alergija i sekoj mozen digestiven problem. Energija 100% i nitu edno utro so poteceno lice 🫶🏻

Kje se uverite deka negata na teloto doagja odvnatre 💖 I kje naucite kako ponatamu sami da bidete svoi lekari 🥰

Dr Marija i nejziniot tim se sekogas ekspresni. Vecno kje vi bidam blagodarna bidejki uspeavme zaedno 🙏🏼

E
Emilija M.Google · пред 2 недели
★★★★★

Najgolema preporaka za doktorkata koja sto mi pomogna da gi smenam navikite za ishrana i vodenje na zdrav zivot. Toj nacin na vnimavanje i ishrana stana temel kako da se vodam ponatamu. Celta e postignata! Zgolemena koncentracija, poveke sila, namaleni kilogrami, nemanje otoci vo nozete okolu zglobovite, namalena insulinska rezistencija - so toa se resija i crvenilata na liceto. Od srce vi ja preporacuvam doktorkata koja ke vi pomogne da gi sredite hormonite koi diveat i povtorno ke se osekate svoi, hrabri, najubavi i najhrabri! ❣️ 🍀

D
D. R.Google · пред 3 месеци
★★★★★

Што и да кажам е малку, ваква промена кај себе може да осетите само со докторка како Марија. За само неполни 2 месеци јас успеав да дојдам до намалување на килограми и да почнам да имам циклус (за кој ми рекоа дека нема да го имам без хормонска терапија, а хормонска терапија не пијам воопшто) 💗

К
Катерина С.Google · пред 2 дена
★★★★★PCOS FIX

Подуеност, збунетост што се случува, без волја за завршување на обврските, неволност. Месеци уназат негативни тестови за бременост и немање на овулација. Случајно листајќи по инстаграм налетувам на програмата pcos fix читам и делумно верувам во тоа што читам (судејќи од претходно искуство). Си кажувам себеси ајде уште ова да пробам. И тука почнува целата магија 🤩

Подуеноста ја нема , наутро станувам полна со енергија , јадам количински многу и буквално се истишувам 😁.

Кожата сјае на таков начин, кој со ниедна рутина кремови неможев да постигнам.

Постепено се си доаѓа на свое место вклучувајќи и овулација. Научив многу за себе , за својот организам и на начинот на кок тој функционира со мојата состојба и како да го подобрам. И не само додека трае програмата, туку за цел живот да знам што со себе и тоа што се случува како да си го средам.

Докторката е човек кој ретко се среќава, како мајка за свои деца со сите во програмата. Посветена максимално што и да треба и да не е јасно иста секунда добиваш одговор и насоки . Се чувствував сигурно , заштитено и преблагодарна дека секој момент имаш каде да се обратиш па макар и за најбаналните работи и да, за истите тие да добиеш опширен одговор и објаснување. Најважно од се во цела програма знаеш дека не си сам и чекориш по патот кој бара од тебе само да слушаш насоки и да си посветен и резултатот е неминовен. После соработката со докторката веќе не сакам друг доктор во мојов живот😄 🤩. Докторка, чувајте се од мене и после програмата не се откачувам од вас така лесно🤣. Сега знам што значи доктор со многуу поинакво знаење од останатите и многу поинаков пристап кон пациентот и кон начинот на лекување. Ве обожавам и ви благодарам од срце 🍀 ❤️

С
Сања А.Google · пред 3 месеци
★★★★★Хашимотов ресет

Др.Марија е прекрасна личност! Многу посветена,амбициозна и искрена. Максимално вложуваше труд на секој еден член кој беше дел од Хашимотовиот ресет. Јас сум презадоволна од докторката и од сите нејзини насоки, совети и целокупното знаење кое безрезервно го делеше со нас сите овие месеци!

Ј
Јагода В.Google · пред 3 месеци
★★★★★

Јас и докторката соработуваме по втор пат ,што значи дека целосно и верувам кога е во прашање моето здравје.Пристап кон пациентите и сослушување на проблемот ја прави различна од другите .Хашимото таа ми го дијагностицира . Кога влегов во програма знев што да очекувам ,веќе поминав еднаш низ една друга програма и знаев како функционират работите .Голема препорака за Бекамедика и др Марија и за нејзините методи на лечење 🙌

S
Simona J.Google · пред 3 недели
★★★★★

Dr-Marija e najprofesionalna doktorka, najdobra vo toa sto go raboti so site sili i srce ke te soslusa i ke ti pomogne. Takvi lugje se retki golema blagodarnost do dr Marija i posakuvam uste mnogu rabota i uspesni zavrsetoci na sekoj problem. 💗Ve sakam💗

S
Simona V.Google · пред 3 месеци
★★★★★

Primer za doktor, odlicen pristap kon sekoj pacient, znaenje i lekuvanje na sto e mozno popriroden nacin. Ne naucivte na mnogu raboti , ogromno blagodaram.

М
Марија Г.Google · пред 3 месеци
★★★★★

Благодарност за целиот ангажман. Преку целиот процес има што да се научи за хашимото и за тоа како некои едноставни навики влијаат на нас на еден или на друг начин. Убаво искуство за секого кој сака да се запознае себеси малку повеќе.

B
Пораки до тимотод пациентки, без имиња
Порака од пациентка

Ако нешто добро во животот си имам приуштено тоа е дефинитивно оваа програма.

Пред програмата бев очајна, немаше нутриционист со кој немав работено. Приоритетна цел ми беше намалување на килограми,поместување на вагата од мртва точка. Иако се убивав од вежбање,се прегладнував,пешачев ,имав чуство како телото и целиот свет да работат против мене.

Хроничен умор,падови на енергија,депресивни епизоди, нервоза ,глад, главоболки ,нередовни столици,подуеност,болки во нозе и чуство на тежина ... и еден куп други симптоми беа дел од моето секојдневие. Кога за прв пат ја слушнав докторката реков тоа е тоа ,оваа жена ќе ме разбере,конечно постои некој кој ќе ме свати дека тоа што го чувствувам не е само изговор или моментална состојба . И така бидна почнав со промени,почнав со едукации, консултации,соодветна суплементацијаа и сегааа сега сум новааа јас ,посмирена,посреќна,по задоволна и поздраво се чувствувам од здравствен аспект.

Едноставно добро ми е,убаво ми е. Докторката е прекрасна,луксуз е да ја имате за ментор. Од срце ви ја препорачувам на сите кои се соочувате со неплодност,вишок килограми,полицистични јајници, хашимото и слично.

Јас не застанувам тука продолжувам да си ја применувам програмата до мојата крајна цел. Ти благодарам докторке,вашата убавина,знаење,стрпливост и истрајност ве прави таква каква што сте. Ви посакувам уште поголеми успеси,бројни задоволни пациенти и само убавини! Од срце вашата
Ве сакам!

Рецензиите се дословно од Google и од различни програми на Бекамедика, вклучително и претходниот „Хашимотов ресет“. Искуствата се лични. Секое тело реагира различно и резултатите варираат.

Како почнува

Од зачленувањето до консултацијата, чекор по чекор.

1

Се зачленувате

По потврдата на уплатата добивате пристап до програмата, заедницата и водичот „Хашимото во вистинскиот живот“.

2

Мејл за добредојде

Точно кои испитувања да направите, со параметри, упат за попустот во Рамус и прашалник.

3

Ги праќате резултатите

На support@bekamedika.org.

4

Консултација

60 минути со д-р Клаудија Димеска, откако двете докторки ќе го разгледаат вашиот случај.

5

12 седмици, седмица по седмица

Сесии во живо, програмата и заедницата. По трите месеци сами одлучувате дали продолжувате.

За кого е

За кого е, и за кого не е.

За вас е ако:

  • Имате Хашимото или хипотироидизам, а симптомите остануваат и покрај терапијата.
  • Ви е доста од „наодите ви се добри“.
  • Сакате јасен редослед наместо парчиња совети.
  • Можете три месеци да работите по план и да доаѓате на седмичните средби.

Не е за вас ако:

  • Барате резултат за седум дена.
  • Имате хипертироидизам. Тој се води само индивидуално.
  • Ви треба индивидуален план со лично следење секој месец. За тоа постојат индивидуалните пакети.
  • Очекувате некој друг да ги направи промените наместо вас.
Пред да се зачлените

Рок и обврска

Зошто има рок

Секоја консултација е индивидуална и трае 60 минути, а д-р Клаудија може да води ограничен број консултации дневно. Затоа примаме ограничен број нови членки. Промотивната цена важи до 31.10.2026. Ако термините се пополнат порано, ќе ви кажеме кога е следниот прием.

Нашата обврска кон вас

Испратете ги анализите, дојдете на консултацијата и на најмалку 8 од 12-те сесии. Ако по трите месеци сметате дека немате јасен план што да правите понатаму, ви го продолжуваме членството уште еден месец, без плаќање.

Прашања

Често поставувани прашања

Цената од 6.000 ден. важи за зачленување до 31.10.2026 или додека не се пополнат термините за консултации. Потоа важи редовната цена.
Не. Промотивната цена е само со еднократна уплата.
Д-р Клаудија Димеска. Пред тоа, вашите резултати ги разгледуваат заедно д-р Марија и д-р Клаудија.
Не. Почнува со индивидуална консултација, а продолжува во група. Индивидуален план со месечно следење има во индивидуалните пакети.
Ако имате Хашимото, да. Програмата ги опфаќа и придружните проблеми. Ако имате инсулинска резистенција или PCOS без Хашимото, за вас е PCOS LIFE.
Анализите што ќе ви ги наведеме во мејлот за добредојде и пополнет прашалник.
Не. Ги правите во лабораторија каде што ви одговара. Со упат од Бекамедика, во Дијагностичка лабораторија Рамус имате 30% попуст.
Не. Терапијата не се менува без вашиот лекар.
Една сесија во живо и применување на насоките во секојдневието. Водичот е направен токму за тоа да ви биде полесно.
Сами одлучувате дали останувате во заедницата или продолжувате сами.
Не. Затоа пред зачленување прочитајте за кого е програмата, а за кого не е. Ако не сте сигурни дали е за вас, пишете ни пред уплатата и ќе ви кажеме искрено.
Промотивен прием до 31.10.2026

Следните три месеци ќе поминат. Прашањето е како.

Уште три месеци сами значат уште суплементи на погодок, анализи што не менуваат ништо и истиот замор на крајот. Со нас, по трите месеци знаете што стои зад тоа и што правите понатаму.

12.100 ден.6.000 ден. · до 31.10.2026

Пристап по потврдата на уплатата · Консултацијата се закажува откако ќе ги испратите резултатите

Правила

Услови за членство

Hashimoto LIFE е онлајн програма со заедница за жени со Хашимото и хипотироидизам. Промотивниот пакет вклучува 60-минутна онлајн консултација со д-р Клаудија Димеска, програма за Хашимото, водичот „Хашимото во вистинскиот живот“, групни сесии во живо секоја седмица и пристап до заедницата, во траење од 3 месеци од денот на уплатата.
По потврдата на уплатата добивате пристап до програмата, заедницата и водичот, како и мејл за добредојде со чекорите. Консултацијата се закажува откако ќе ги испратите резултатите на support@bekamedika.org и ќе го пополните прашалникот.
Материјалите ги користите само за себе, без препродажба или споделување. Во заедницата сте коректни кон другите членки.
Со уплатата добивате целосен пристап до сите ресурси, затоа нема поврат на средства, без разлика дали сте ги искористиле материјалите.
Со уплатата се согласувате со овие услови. Во случај на спор се применуваат законите на Република Северна Македонија.
Bekamedika · Hashimoto LIFE

Програмата е едукативна и за поддршка. Не ја заменува индивидуалната медицинска дијагноза, прегледот, лекувањето ниту пропишаната терапија. За промени во терапијата консултирајте се со лекар. Резултатите се индивидуални.