МОДУЛ 2- ДЕФИЦИТИ НА НУТРИЕНТИ
МОДУЛ 3- АНТИТЕЛА И ЈАЗЛИ НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА
МОДУЛ 4- ХРАНА
МОДУЛ 5- ПРОТОКОЛ ЗА ЦРН ДРОБ
МОДУЛ 6- АДРЕНАЛЕН ПРОТОКОЛ
МОДУЛ 7- ДИГЕСТИВЕН ПРОТОКОЛ
МОДУЛ 8- ФАЗА НА РЕИНТРОДУКЦИЈА
МОДУЛ 9- КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА ДА ОСТАНЕТЕ ВО РЕМИСИЈА
+ > 200 РЕЦЕПТИ ЗА ДОРУЧЕК, РУЧЕК, ВЕЧЕРА, ДЕСЕРТИ
+ ВОДИЧИ ЗА:
+ СЕДМИЧНИ ОНЛАЈН СЕСИИ ЗА ПРАШАЊА
+ ИНДИВИДУАЛНА 1:1 КОНСУЛТАЦИЈА СО МЕНЕ (ЗА ДА МОЖАМ ДА СЕ ЗАПОЗНААМ СО ВАШАТА ИНДИВИДУАЛНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, ДА ГИ ПРЕГЛЕДАМ ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ И ДА ВИ ДАДААМ НАСОКИ КАКО НАЈДОБРО ДА ЈА СТАРТУВАТЕ ПРОГРАМАТА)
20% ЗАКАЖИ СЕГА!
ВЛОШУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ: Секој изминат ден се будите уште поисцрпени од минатиот. Се борите да станете од кревет, и веќе сте најасно дека ќе се соочите со уште еден ден исполнет со замор, болки, и непредвидливи промени во расположението.
НАМАЛЕН КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ: Проблемите со концентрацијата, фокусот и меморијата веќе во полн замав. Можеби заборавате на важни состаноци, се борите да се концентрирате за време на разговорите, се трудите да разговарате како нормална личност, но просто зборовите не излегуват од уста.. дека седите на масата за вечера, но наместо да се вклучите во разговорот, вие сте веќе толку анксиозни и фрустрирани што и најмал глас и светлиа почнува да ве вади од памет. Оваа постојана борба може да доведе до изолација, оставајќи ве со чувство за потполна неразбирање од вашите најблиски.
ДОЛГОРОЧНИ ЗДРАВСТВЕНИ РИЗИЦИ: Дали сте запознаени со последиците од нелекуваниот Хашимото? Следи второ, можеби и трето автоимуно заболување што веќе до толку ве направиле неспособни за функционирање, и овде е моментот каде што депресијата може да ве стигне во полна сила, а да не го ни споменувам фактот дека постои зголемен ризик од појава на некои видови канцерогени состојби!
Пакетите се прилагодени на програмата согласно вашите потреби во текот на консултациите
“Докторката ја следев подолго време на социјални мрежи. Решив да ѝ се обратам за помош после една многу болна епизода со мојот желудник пред Нова година. Имав страшни болки со години, дијагнозата беше хроничен гастритис. Направив и дополнителни испитувања кои го потврдија. Немаше решение, да пијам лекови и да чекам да помине, ама не поминуваше. Животот ми стана ужасен, не можев да јадам многу работи, не можев да излегувам. По посета на Бекамедика, д-р Марија ме воведе во режим на исхрана, добив насоки за диета и добив одредени суплементи. Грешев во период на диета, но тука беше д-р Марија секогаш кога ми требаше помош. Освен гастритис имав и проблем со цревата. Јас сум на половина пат до излекување, а од работи кои се сменија, подобрија и средија ќе ги издвојам следниве: ПМС стана незабележителен, инаку бев под напон, циклусот ми се скрати на 4-5 дена, а траеше 7+, ми помина страшна болка во желудник и ужасен вкус во уста, ја снема подуеноста, ми ја снема анксиозноста и постојан страв, косата престана да ми паѓа, кожата на рацете и стапалата се обнови, инаку имав крвави лезии. Една од последните работи за која посебно сум среќна е елиминирање на симптомите на астма. Користев пумпици и таблети повеќе од 15 години. Има доктори кои ги лечат само последиците на болеста, ама д-р Марија ги бара узрочниците.”
“Секоја чест за прекрасната д-р Марија. Многу добра докторка, врвен професионалец и докторка со широка душа која може да ви помогне многу за било какви проблеми. На мене многу ми помогна и уште ми помага, презадоволна сум. Не 5 ѕвезди, би дала и илјада ѕвезди, за мене не постојат други доктори како неа. Во секој момент е тука за тебе, во било кое време да ѝ пишеш, ќе ти одговори и ќе ти помогне. За било каков проблем ќе ти помогне. За мене е единствена. Ви благодарам уште еднаш, докторке, за сè. Да сте ми жива и здрава!”
“Nadproseno sum zadovolen so profesionalnosta i pristapot na D-r Marija Bojcevska-Yusein. Vo tekot na pregledot mi posoci na site zdravstveni problemi i mi prepisa soodvetna terapija koja mi pomogna potpolno da gi ozdravam istite. Imav seriozni problemi so srceto, nozokot, koskite i nekoi vnatresni organi. Isto taka me izlekuva i od hronicnata nesonica. Dokolku imate odredeni zdravstveni problemi ili duri i preventivno, vi preporauvam da si zakazete pregled kaj D-r Marija Bojcevska-Yusein. Vi blagodaram za se, ako mi zatreba bilo kakov sovet vo idnina sigurno ke se vidime povtorno.”
“Прв пат после 10 години немам проблем со дигестивниот тракт и се чувствувам добро и покра моата автоимуна болест, благодарение на единствената д-р Мариа коа е професионална, секогаш достапна да одговори на било кое прашанье, има огромно знаенье и искуство и што е назважно организмот го лечи како целина.”
“Јас лично бев на тој преглед во Штип и сум многу задоволна. Докторката ми даде и режим на исхрана, така што ги намалив триглицеридите, холестеролот, шеќерот. Јас сум презадоволна, голем поздрав до докторката!”
Една и единствена ординација кога нема замена, Доктор Марија “Ангел – Чувар” на нашето здравје. Секоја чест.
“Kada neko trazi uzrok bolesti a ne samo da leci posledice onda ste na pravoj adresi.Ja sam doktorki Mariji odavno poklonila medalju za najboljeg lekara jer to zaista zasluzuje.Mi mirno spavamo,a vi?”
Lubica Saveval Поскоро Презадовлна прдолжете така ,па и на нас проблемите ке се решат”
Пред се е прекрасна личност и доктор како што ретко се наоґа, ме воодушеви тоа што е темелна и посветена во својата работа, секогаш достапна и смирена. 💜 Доктор што за секој “проблем” има образложение и решение. Доктор што не вика тоа е “Нормално да е така”, доктор кој влева надеж и доверба, со своето обаснување за секој здравствен проблем. Др. Марија ги реши сите мои проблеми, со желудникот, проблеми со аритмиите и сега знам од што ми биле. Ме водеше низ цел процес за тироидната и беше присутна да ми одговори на секое мое прашанье. Имам повеќе енергија, ми се врати заинтересираноста и желбата да правам нови работи, што претходно jа немав воопшто и се ми беше тешко. Благодарна сум што во Македонија имаме доктор како Марија. 🥰
“Здраво, јас сум Вероника и неделиве го следам планот на исхрана за Хашимото. Во овие 6 недели, благодарение на д-р Марија и нејзиниот план на исхрана наменет лично за мене, осетив многу голема промена во секојдневниот живот. Во рок од неколку дена подуеноста и отокот, како на лицето така и на целото тело, драстично се намали. Исто така, имам губиток на тежина од околу 8 кг. Мојот план за исхрана трае околу 3 месеци и со нетрпение чекам да го видам конечниот резултат.”
Јас навистина немам зборови за да го изразам моето задоволство и благодарност! Д-р Марија е многу професионална, љубезна, секогаш достапна и точно знае каков третман ви треба! Неколку месеци откако го започнав третманот, видов позитивни резултати, имам Хашимото и после многу години нивото на АТПО почна да се намалува. Страдам и од сезонски алергии, а оваа сезона првпат имам благи симптоми без да земам антихистаминици. Искрено ја препорачувам БЕКАМЕДИКА!
Пред се најголема благодарност.. можеби знаеш што ти е.. но најважно е некој да те води во целиот процес со точни информации за подобрување на своето здравје, како што Др. Марија ги води моите деца Pred se najgolema blagodarnost ..mozebi znaes sto ti e..no najvazno e nekoj da te vodi vo celiot proces so tocni informacii za podobruvanje na svoeto dravje, kako sto Dr. Marija gi vodi moite deca
“После 4 посети ка различни доктори и преку 4 месеци со тешки проблеми во дигестивниот систем, Др. Мариа се истакна како единствениот доктор ко ми помогна да ги совладам проблемите од нивното потекло, а не само совладуваье на симптомите. Др Мариа е изразито професионална, и располага со широк спектар на познавана во областа. Не само што ми обезбеди точна диагноза и ефективно лекуванье, туку и се посвети на моето општо здравіе. Со незината поддршка и совети се чувствувам значително подобро и веке немам секодневни проблеми со дигестивниот систем. Нависока препорака за др. Мариа, и благодарам за незината професионалност и посветеност.”
“Ѝ благодарам на д-р Марија за секој минут поминат со неа денес. ❤️ Прекрасна личност, човек во вистинската смисла на зборот.”
Секоја чест за д-р Мариа. После долги години со нејзина помош успеав да го решам мојот проблем. Ви благодарам на професионалноста, искреноста и отворениот пристап кој го имавте кон мене.
Благодарност на др. Марија, достапна секогаш, професионален пристап. Со години се мачев со иратибилни црева, подуеност, гасови. Сега тоа е веќе како лош сон.
Сега стандардната програмата можеш да ја имаш и на рати!
Овде може да добиете одговори на често поставуваните прашања од нашите клиенти
Лековите за тироидната жлезда помагаат да се контролираат симптомите, но не ја третираат основната причина – автоимуната реакција и проблемите со дигестијата, тежината и енергијата. Нашиот курс нуди холистички пристап кој вклучува исхрана, суплементи и начин на живот што може да го подобри целокупното здравје и значително да ги намали симптомите.
Инвестирањето во овој курс е инвестирање во вашето здравје долгорочно. Со правилна исхрана и суплементација, можете да ги намалите или избегнете многу скапи медицински интервенции во иднина, како што се дополнителни автоимуни заболувања, канцери, или зголемени трошоци за нови лекарства и докторски консултации.
Нашиот курс не е уште една краткорочна диета. Тој е комплетна промена на животниот стил која е научно поддржана и специјално дизајнирана за жени со Хашимото. Ќе научите како да ја балансирате исхраната на начин што поддржува хормонална рамнотежа и ја подобрува дигестијата, што не е само решение за губење на тежината туку и за подобро здравје.
Нашиот курс е дизајниран да биде флексибилен и може да се следи со свој ритам. Материјалите може да ги прегледате кога ви одговара и да го приспособите на вашиот секојдневен распоред. Во исто време, дава брзи резултати, па во краток период ќе видите подобрување во енергијата, варењето и симптомите.
Токму затоа ви е потребен овој курс! Еден од првите резултати што ќе ги забележите е зголемена енергија и подобро расположение. Преку прилагодена исхрана и суплементи, ќе му дадете на вашето тело поддршка да функционира подобро и да ја врати енергијата што ви недостига.
Ова е мит. Симптомите на Хашимото не мора да бидат трајна состојба. Со правилна исхрана, суплементи и промена на животниот стил, можете да ги намалите симптомите, да ја вратите енергијата и да го ставите во ремисија Хашимото. Многу жени со Хашимото успеале да постигнат значително подобрување со нашите стратегии.
Нашиот курс е специјално дизајниран за жени со Хашимото и дигестивни проблеми. Курсот ќе ви помогне целосно да исчезнат проблемите како надуеност, гасови и нередовно празнење/дијареа, киселини..
Не се работи за целосно откажување туку за учење како да ги замените одредени храни со здрави и вкусни алтернативи. Во нашиот курс ќе научите како да направите баланс и како да уживате во храната што ќе ви помогне драстично да го подобрите вашето здравје.
Никогаш не е предоцна да направите позитивна промена во вашето здравје. Без оглед на тоа колку време живеете со Хашимото, овој курс ќе ви покаже како можете да ги намалите симптомите, да ја вратите енергијата и да започнете да се чувствувате подобро со секој изминат ден.
Не сте сами! Нашиот курс вклучува поддршка преку група и неделни онлајн сесии за прашања и одговори, каде што ќе можете да добиете помош и совети од мене за сѐ што ве интересира.
Овој курс е заснован на најновите научни истражувања во областа на функционалната медицина, нутриционизмот и Хашимото. Секоја стратегија и препорака за исхрана и суплементи е поткрепена со докази за тоа како влијае врз автоимунитетот, варењето и хормоналната рамнотежа.
Курсот е дизајниран да биде флексибилен и ќе ви помогнеме да прилагодите планот за исхрана на вашите индивидуални потреби. Ќе добиете опции за замена на намирници кои не ви одговараат, и ние ќе ви понудиме лични препораки за да се осигуриме дека ќе ги добиете сите хранливи материи кои ви се потребни.
Овој курс не ја заменува конвенционалната медицина, туку ја дополнува. Многу лекари сè уште не се обучени во нутриционизмот и функционалната медицина, но повеќе истражувања покажуваат дека исхраната и начинот на живот имаат големо влијание врз автоимуните состојби како Хашимото.
Овој курс не се состои од рестриктивни диети, туку од постепени промени што се одржливи и кои можат лесно да се вклопат во вашиот начин на живот. Ќе добиете практични совети и планови кои ќе ви помогнат да ги имплементирате овие промени без да ви предизвикаат дополнителен стрес и притисок.
Иако индивидуалните резултати може да варираат, многу од нашите учеснички почнуваат да чувствуваат подобрување на енергијата и дигестијата во првите неколку недели. Курсот е дизајниран за долгорочни и одржливи резултати, што значи дека со секој чекор ќе бидете сè поблиску до подобро здравје.
Ќе добиете едноставни и брзи рецепти кои не бараат многу време за подготовка. Плус, ќе ви покажеме стратегии за планирање на оброците и приготвување однапред, што ќе ви заштеди време и ќе го направи следењето на исхраната полесно.
Разликата кај овој курс е што тој се фокусира на причината на вашиот проблем, а не само на симптомите. Со промена на вашата исхрана и начин на живот, ќе се справите со автоимуната реакција што го предизвикува Хашимото, наместо само да ги маскирате симптомите.
Нема потреба да бидете експерт во кујната! Рецептите што ги нудиме се едноставни и јасно објаснети, дури и за почетници. Ќе добиете чекор по чекор инструкции кои ќе ви помогнат да подготвите вкусни и здрави оброци, дури и ако не сте готвеле претходно.
Курсот е дизајниран да биде едноставен и лесен за следење. Сите материјали се објаснети со јасни и конкретни чекори, и ќе добиете поддршка низ целиот процес. Ќе можете да се движите со свој ритам и да ги следите препораките кои се најсоодветни за вас.
Целта на курсот е да постигнете долгорочна промена во вашето здравје.
Целта на курсот е да постигнете долгорочна промена во вашето здравје. Овој пристап е дизајниран да се интегрира во вашиот секојдневен живот и да ви овозможи да ги одржите резултатите на долг рок, без ригидни диети или краткорочни решенија.
Курсот вклучува совети за тоа како да го имплементирате овој начин на живот во вашиот секојдневен живот и со семејството. Ќе научите како да направите промени што не само што ќе бидат корисни за вас, туку и за целото семејство.
Иако во текот на програмата ќе биде препорачано користење на суплементација, истата се користи во краток временски период.
Курсот е прилагодлив и го зема предвид секој индивидуален случај. Ќе добиете детални насоки и препораки уште на првата 1:1 индивидуална консултација со д-р Марија, која што ќе ги разгледа вашите резултати и ќе имате јасни насоки како најефикасно да ја започнете програмата.
Многу од жените со Хашимото имаат и други хронични заболувања, но овој курс е дизајниран да го подобри целокупното здравје. Фокусирајќи се на автоимуниот систем, дигестијата и хормоналната рамнотежа, ќе забележите подобрување и кај останатите здравствени проблеми.
ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
Со учество во програмата за лојалност, Вие всушност им помагате на лицата кои се соочуваат со истите здравствени проблеми.