Нема продукти во Кошничката.

Кои симптоми може да ги предизвика нетолеранцијата на дадена храна?

HomeBlogКои симптоми може да ги предизвика нетолеранцијата на дадена храна?

Нетолеранцијата на дадена храна не секогаш се пројавува со дигестивни проблеми. Во дадени случаи, таа може да предизвика појава на еден или повеќе симптоми:

 

  1. Дигестивни проблеми

Ова е најчестата манифестација на нетолеранција на дадена храна. Симптомите може да вклучуваат: надуеност, гасови, дијареа, запек и синдром на нервозно дебело црево (IBS). Вообичаено, непријатноста се јавува од неколку часа до 72 часа по консумирањето на „проблематичната“ храна.

 

  1. Проблеми со кожата

Доколку се соочувате со нетолеранција на одреден вид храна, може да имате кожни проблеми од типот на: екзема, акни и осип. Постои тесна врска помеѓу самата кожа и дигестивниот систем.

 

  1. Замор

Постојаното чувство на замор или недостаток на енергија, дури и по добар сон, може да биде поврзано со нетолеранција на храна.

 

  1. Нарушувања на расположението

Нетолеранцијата на храна може да придонесе за појава на промени во расположението, анксиозност, депресија и други ментални проблеми.

 

  1. Болка во зглобовите

Нетолеранцијата на храна може да придонесе за појава на оток и болки во зглобовите.

 

  1. Главоболка и мигрена

Кај некои поединци, одредена храна може да предизвика главоболка или мигрена. Исклучувањето на проблематичната храна води до стабилизација на главоболката и мигрената.

 

  1. Респираторни проблеми

Некои луѓе, нетолерантни на одредена храна, доживуваат респираторни симптоми, како што се: течење на носот, конгестија на синусите или астма.

 

  1. Флуктуации на тежината

Необјаснето зголемување на телесната тежина или тешкотии при губење на тежината понекогаш може да се поврзат со нетолеранција на даден вид храна.

 

  1. Проблеми со концентрација

Тешкотии со концентрацијата, проблеми со меморијата и општо чувство на ментална заматеност може да се предизвикани од нетолеранција на храна.

 

  1. Автоимуни проблеми

Истражувањата покажуваат дека хроничната изложеност на храна, на којашто телото е нетолерантно, може да придонесе за појава на автоимуни болести или да доведе до нивно влошување.

 

       Дали може да дојде до подобрување на нетолеранцијата на храна?

Одговорот е ─ зависи.  Доколку станува збор за придобиена нетолеранција на храна, во повеќето случаи може да се постигне подобрување на истата.

Првично, се пропишува елиминациона диета, која бара од пациентот целосно избегнување одредени видови храна, во период од 4 до 8 седмици. Оваа фаза е придружена со детално следење на симптомите, на какви било промени или подобрувања во состојбата на пациентот.

По периодот на елиминација, секоја храна повторно се воведува, но постепено и поединечно. Доколку по приемот на одредена храна настапи повторување на симптомите, истата се избегнува за уште дополнителни 3 – 6 месеца. Во текот на овој процес, пациентот е под надзор на компетентно здравствено лице, со цел да се осигури дека самиот пациент се храни соодветно.

 

       Билки и додатоци на исхрана

За пациентите коишто имаат проблеми со нетолеранција на дадена храна, одредени билки можат да бидат особено корисни за лекување и смирување на цревата.

      Куркумата, особено нејзината активна компонента куркумин, е позната по своите моќни антиинфламаторни ефекти. Овие својства ја прават куркумата одличен избор за ублажување на воспалението на цревата, коешто е често среќавано кај овие лица. Куркумата може да помогне во заздравување на цревната лигавица, подобрување на нејзината функција и потенцијално намалување на самата нетолеранција.

      Лизгавиот брест има способност да формира заштитна обвивка на цревната обвивка. Оваа обвивка не само што ја смирува иритираната слузница, туку и води до заздравување на истата. Оваа билка може да биде особено корисна за оние со интолеранција на храна, бидејќи помага да се врати интегритетот на цревната бариера.

 

       Техники за намалување на стресот

Стресот значително влијае на дигестивното здравје, што е особено важно за оние лица што имаат проблем со интолеранција на дадена храна. Стресот влијае на оската хипоталамус ─ хипофиза ─ надбубрежни жлезди (HPA axis), при што доаѓа до зголемено лачење на кортизол, што пак, влијае на гастроинтестиналните функции, како што се: празнење на желудникот и зголемување на контракциите на дебелото црево. Дополнително, стресот може да ја зголеми интестиналната пропустливост и на тој начин да дозволи во крвотокот да влезат несакани честички, што доведува до појава на воспаление.

Управувањето со стресот е од витално значење, кога станува збор за нетолеранција на дадена храна, бидејќи тој може да помогне да се намалат дигестивните проблеми, што настапуваат како резултат на нетолеранција на дадена храна. Корисни техники за намалување на стресот се и: медитацијата, јогата и техниките на дишење.

 

Референци:

Anderson, S. (2022, May 3). 9 possible causes of persistent brain fog.

Cloyd, J. (2022, September 1). Researchers believe asthma may be linked to your gut health..

Cloyd, J. (2023a, March 6). The microbiome-joint axis: Exploring the gut’s influence on joint pain.

Cloyd, J. (2023b, March 7). An integrative medicine approach to fatigue.

Cloyd, J. (2023c, May 17). The role of nutrition and dietary supplements in preventing and managing cardiovascular disease

Cloyd, J. (2023d, October 11). The top 6 benefits of slippery elm that everyone should know.

Cloyd, J. (2023e, October 16). Top 10 herbs for intestinal inflammation.

Cloyd, K. (2023, October 20). The underlying connection between food sensitivities and autoimmunity that you should know about.

DeCesaris, L. (2022, August 30). 10 signs you should try an elimination diet.

Greenan, S. (2021, November 17). The 8 most common signs of A food sensitivity.

Henry, K. (2023, January 31). An integrative approach to mental health.

Khakham, C. (2023a, March 7). Top medical evidence supporting curcumin’s health benefits.

Khakham, C. (2023b, May 23). A comprehensive review of IBS-D: Differential diagnosis, specialty testing, and integrative treatment options.

Khakham, C. (2023c, June 30). Personalizing skin health: Leveraging functional medicine labs to tailor dietary interventions and supplements.

Maholy, N. (2023, April 14). How to reduce stress through mind-body therapies.

Preston, J. (2023, September 22). How is chronic inflammation linked to weight gain?

Sweetnich, J. (2023a, January 19). Integrative medicine treatments for migraines sufferers.

Sweetnich, J. (2023b, February 21). Top gut healing supplements used by integrative medicine practitioners.

Sweetnich, J. (2023c, February 22). How stress affects our gut health.

Teeter, L. A. (2023a, April 4). Functional nutrition strategies for weight management and metabolic health.

Share: