Нема продукти во Кошничката.

10 храни што треба да ги избегнувате доколку имате Хашимотов тиреоидитис

HomeBlog10 храни што треба да ги избегнувате доколку имате Хашимотов тиреоидитис

Што е Хашимото?

Болеста на Хашимото – исто така позната како тироидитис на Хашимото – е автоимуна состојба која влијае на вашата тироидна жлезда. Именувана по лекарот кој прв ја опишал во 1912 година, оваа состојба се јавува кога имунолошкиот систем на вашето тело погрешно ја напаѓа тироидната жлезда, нарушувајќи ја неговата способност да произведува соодветни тироидни хормони, што доведува до недоволна активност на тироидната жлезда или хипотироидизам. Како резултат на тоа, луѓето со Хашимото може да доживеат симптоми како што се замор, зголемување на телесната тежина, депресија, запек, губење на косата и чувствителност на студ.

 

Храни што треба да ја избегнувате доколку имате Хашимотов тиреоидитис

Бидејќи Хашимото е автоимуна болест, многу од храната што треба да се избегнува со Хашимото е поврзана со намалување на воспалителниот одговор на телото. Истражувањата покажуваат дека применување на автоимун протокол (AIP) кој ги елиминира повеќето од намирниците на оваа листа може значително да ги ја подобри состојбата кај овие лица.

 

  1. Глутен

Доколку имате Хашимото, елиминацијата на глутен може да биде една од најголемите работи што можете да ги направите за да ги ублажите симптомите. Всушност, една студија од 2023 година објавена во Frontiers in Endocrinology (3) покажа дека елиминирањето на глутенот има позитивен ефект врз воспалението и функцијата на тироидната жлезда и води до намалување на нивото на антитела на тироидната жлезда.

 

  1. Соја и сојни продукти

Сојата не само што  има вкрстена реакција со глутенот, туку содржи и соединенија познати како гоитрогени  за кои е докажано дека го спречуваат производството на тироидните хормони преку спречување  на внесот на јод од вашето тело – неопходна хранлива материја вклучена во составот на вашата тироидна жлезда.

 

  1. Млечни производи

Кај дел од пациентите со Хашимото, млечните продукти можат да придонесат за зголемување на воспалението кај оваа болест поради неколку различни причини, вклучувајќи:

Лактоза: Ако имате интолеранција на лактоза, може да ви недостасува ензимот лактазе кој што е одговорен за преработка на лактозата што се наоѓа во млечните продукти.

Казеин: Овој млечен протеин може да предизвика слична воспалителна реакција како глутенот. Ако имате состојба позната како зголемена пермеабилност на цревата, т.н. “leaky gut” продолжената изложеност на млечни производи може да резултира со широк дијапазон на симптоми вклучувајки дигестивни проблеми, кожни пројави, болка во зглобовите.

 

  1. Зеленчук што содржи гоитрогени

Иако е исполнет со други хранливи материи од витално значење за здрава функција на тироидната жлезда, зеленчукот како брокула, бриселско зелје, зелка и кељот, исто така, содржат состојки што се нарекуваат гоитрогени кои, кога се консумираат во големи количини, може да ја попречат функцијата на тироидната жлезда. Сепак, важно е да се напомене дека термичката преработка на овие зеленчуци може да помогне да се деактивираат овие состојки, поради што е добро да ги избегнувате само во нивната свежа форма!

 

  1. Храни од семејство “Ноќници”

Зеленчукот и овошјето како што се доматите, компирите, модрите патлиџани и пиперките содржат алкалоидни соединенија кои можат да бидат исклучително воспалителни за лицата со автоимуни состојби. Иако се потребни повеке истражувања во однос на оваа категорија конкретно за Хашимото, истражувањата покажуваат дека овие намирници можат да бидат потенцијален предизвикувач на други автоимуни состојби како што се воспалителни болести на дебелото црево  и ревматоиден артритис.

 

  1. Јод

Додека јодот е неопходен за производство на тироидни хормони, вишокот на истот всушност може да ги влоши симптомите на Хашимото. Она што можеѕте да го направите во овој случа е да ја ограничете ја употребата на морски дарови  и да ја замените  јодирана кујнска сол со розова хималајска морска сол.

 

  1. Ултра процесирана храна

Ултра процесиранита храна може да доведе до влошување на симптомите кај лицата со Хашимото. Едно истражување дури покажа дека оние со Хашимотоова болест јаделе поголема количина на преработено месо во споредба со здравите индивидуи со нормално ниво на тироидна жлезда.

 

  1. Индустриски масла од семиња

Овде спаѓаат маслата за готвење како сончогледовото масло, маслото од  канола и соја и палминото масло. Овие масла содржат полинезаситени масти кои лесно се оксидираат, особено кога се загреваат, што ги прави главен извор на воспалителни слободни радикали.

 

  1. Шеќер

Има многубројни студии кои покажуваат дека рафинираните шеќери, вклучувајќи пченкарен сируп бел шеќер и кафеав шеќер, предизвикуваат воспаление кај повеќето луѓе и го зголемуваат ризикот за појава на хронични здравствени проблеми како што се дијабетес, заболување на црниот дроб, како и проблеми со тироидната жлезда од типот на Хашимото.

 

  1. Вештачки засладувачи

Досега, ако мислевте дека можете само да го замените вашиот шеќер со засладувачи нека да ве зазпознаам со едно истражување. Ова истражување објавено во Cureus Journal of Medical Science разгледува случај на жена дијагностицирана со Хашимото која редовно користела вештачки засладувачи. По отстранувањето на овие вештачки засладувачи од нејзината исхрана, истражувањето покажало  дека нејзините нивоа на хормонот за стимулирање на тироидната жлезда (TSH) и антителата (TPOab)  речиси веднаш се вратиле во нормала – што покажува дека овие вештачки засладувачи биле директно вмешани во нејзиниот развој на Хашимото!

 

Заклучок:

Сепак секој поединец е различен поради што ве советувам да работите со компетентно здравствено лице кое што ќе може да изготви целовкупен план прилагодедно за вашите сопствени потреби.

 

 

Референции:

  1. Medline Plus “Hashimoto’s disease” Accessed December 2023. https://medlineplus.gov/genetics/condition/hashimotos-disease/
  2. Abbott, Robert D et al. “Efficacy of the Autoimmune Protocol Diet as Part of a Multi-disciplinary, Supported Lifestyle Intervention for Hashimoto’s Thyroiditis.” Cureus vol. 11,4 e4556. 27 Apr. 2019, doi:10.7759/cureus.4556
  3. Piticchio, Tommaso et al. “Effect of gluten-free diet on autoimmune thyroiditis progression in patients with no symptoms or histology of celiac disease: a meta-analysis.” Frontiers in endocrinology vol. 14 1200372. 24 Jul. 2023, doi:10.3389/fendo.2023.1200372
  4. Babiker, Amir et al. “The role of micronutrients in thyroid dysfunction.” Sudanese journal of paediatrics vol. 20,1 (2020): 13-19. doi:10.24911/SJP.106-1587138942
  5. Kuang, Rebecca et al. “Nightshade Vegetables: A Dietary Trigger for Worsening Inflammatory Bowel Disease and Irritable Bowel Syndrome?.” Digestive diseases and sciences vol. 68,7 (2023): 2853-2860. doi:10.1007/s10620-023-07955-9
  6. Edefonti, Valeria et al. “A Posteriori Dietary Patterns and Rheumatoid Arthritis Disease Activity: A Beneficial Role of Vegetable and Animal Unsaturated Fatty Acids.” Nutrients vol. 12,12 3856. 17 Dec. 2020, doi:10.3390/nu12123856
  7. Hu, Shiqian, and Margaret P Rayman. “Multiple Nutritional Factors and the Risk of Hashimoto’s Thyroiditis.” Thyroid : official journal of the American Thyroid Association vol. 27,5 (2017): 597-610. doi:10.1089/thy.2016.0635
  8. Kaličanin, Dean et al. “Differences in food consumption between patients with Hashimoto’s thyroiditis and healthy individuals.” Scientific reports vol. 10,1 10670. 30 Jun. 2020, doi:10.1038/s41598-020-67719-7
  9. Sachmechi, Issac et al. “Autoimmune Thyroiditis with Hypothyroidism Induced by Sugar Substitutes.” Cureus vol. 10,9 e3268. 7 Sep. 2018, doi:10.7759/cureus.3268

Share:

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *