ENZYFLEX
1.950 ден
ENZYFLEX е додаток во исхраната со голема ефикасност и претставува комбинација од широк спектар на дигестивни ензими и хербални екстракти што имаат карминативно, антиспазмолитичко и смирувачки дејство врз цревата. Претставува специјално дизајнирана мешавина за подпомагање на правилна работа на дигестивниот систем.
Дигестивните ензими се важни затоа што ни овозможуваат да ги разградиме протеините, јаглехидратите и мастите во нивните сурови компоненти со цел да ги направиме хранливите материи достапни за апсорпција и искористување.
Секој човек има ограничена резерва на ензими, кои што може да бидат дефицитарни за време на стрес, хронични заболувања или во резултат на самата возраст. Со текот на времето, лошото варење на храната и невозможноста да дојде до правилна екстракција на потребните хранливи материи може да настапи дефицит на одредени нутриенти, што од своја страна може да резултира со појава на низа болести.