3 МЕСЕЧЕН ХАШИМОТОВ РЕСЕТ
ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ПРОГРАМАТА “3 МЕСЕЧЕН ХАШИМОТОВ РЕСЕТ”! Ми претставува вистинска чест што ја избравте оваа програма и го направивте овој значаен чекор кон подобро здравје. Во рамките на 3 месеца јас сум овде да ве водам на ова патување […]
ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ПРОГРАМАТА “3 МЕСЕЧЕН ХАШИМОТОВ РЕСЕТ”!
Ми претставува вистинска чест што ја избравте оваа програма и го направивте овој значаен чекор кон подобро здравје. Во рамките на 3 месеца јас сум овде да ве водам на ова патување и да ви помогнам да го разберете и подобрите секој еден аспект на вашето здравје засегнат од Хашимото.
Оваа програма ја создадов со целосна посветеност, вложувајќи го своето знаење и искуство за да ја направам што е можно поефективна. Убедена сум дека ќе ви помогне, бидејќи веќе имам видено како трансформира животите на многу луѓе кои се соочуваат со истите предизви
Во рамките на овие 3 месеци, ќе работиме заедно на сите фактори што влијаат на вашето здравје, затоа што Хашимото е се, само не едноставен, напротив станува збор за мултикомплесна проблематика која што бара мултикомплексен пристап.
Секој модул е внимателно осмислен за да ви ги даде сите неопходни алатки и знаење за да ја постигнете целта што ја сакате и да ги надминете сите симптоми со кои се соочувате.
Верувам во вас и во вашата одлучност да направите промена. Убедена сум дека, со завршувањето на оваа програма, ќе станете поздравa, посреќнa и поенергичнa верзија на себе си, и се разбира ќе си тргнете со “куфер” знаење што ќе ви биде потребно за да останете во добро здравје и во иднина.
Ви посакувам успешен почеток и со нетрпение очекувам да бидам дел од ова ваше патување!
Останете ми со здравје🤗🤍,
Д-р Марија
Course Features
- Lectures 63
- Quizzes 0
- Duration 13 weeks
- Skill level Beginner
- Language Македонски
- Students 127
- Assessments Yes
Curriculum
- 11 Sections
- 63 Lessons
- 13 Weeks
- МОДУЛ 1 ОСНОВИ НА ХАШИМОТОВо Модул 1 ќе научите кои се 3 те задолжителни компоненти кај Хашимото, кои работи можат да бидат причина за појава на Хашимото, како да ги откриете вашите причини и кои лабораториски испитувања ги препорачувам. На крајот од лекциите се наоѓаат материјали кои што ќе ви помогнат во тоа да ги откриете вашите индивидуални тригери. Она што ви го препорачувам е како што минувате низ самите материјали, независно дали станува збор за видео лекции или пдф документи, држете си настрана тефтерче/телефон во кој ќе можете да запишувате доколку нешто не ви е јасно и на тој начин ќе бидете во можност да ме прашувате(без да заборавите некое прашање😊) се што ви е нејасно по време на онлајн сесиите. Доколку поради дадена причина не успеете да присуствувате на самата онлајн сесија, истата ќе биде снимена и ќе ви биде доставен линк на меил за да можете да ја изгледате. Секогаш препорачувам да ги гледате овие сесии, по потреба и неколку пати, затоа што честопати може некој од другите пациенти да го има поставено прашањето што токму вас ве интересира. Дури и за оние што се присутни на самите сесии, би препорачала доколку имаат потреба повторно да ги гледатe затоа што честопати можеме да заборавиме работи колку и да си мислиме дека ќе ги запаметиме. So let's go🔥🔥🔥6
- МОДУЛ 2-ДЕФИЦИТИ НА НУТРИЕНТИВо Модул 2 ќе научите кои се најчесто среќаваните дефицити кај Хашимото, како да ги откриете вашите дефицити и да ги адресирате, кои нутриенти се неопходни за правилно функционирање на тироидната жлезда и ќе ве запознаам со суплементите и на што да внимавате кога избирате суплемент. Се разбира како што ќе минуваме низ материјалот, ќе имате препораки од моја страна во однос на суплементи и фирми со добар квалитет, независно дали живеете во Р. Мкедонија или надвор од неа. На крајот од програмата во секција ПРАШАЛНИЦИ имате прашалници кои што во голема мера ќе ви помогнат да одредите дали сте дефицитарни на даден нутриент.5
- МОДУЛ 3- АНТИТЕЛА И ЈАЗЛИ НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДАВо модул 3 ќе ги научите различните видови антитела, ќе научите кои се причините за создавање на јазли(и да има причини), не се појавуваат без причина и ќе ви дадам докажани за намалување на антителата и јазлите на тироидната жлезда.3
- МОДУЛ 4- ХРАНАВо модул 4 ќе научиме каква треба да биде исхраната кај Хашимото, кои се правилата што треба да ги спазуваме и зошто контролата на нивото на жеќе во текот на денот играе голема улога кај Хашимото. Се разбира ќе ви дадам и стратегии како да си го олесните целиот процес на приготвување на храна и што да направите доколку отидете да јадете во ресторант по време на програмата.5
- 4.0Која е соодветната исхрана кај Хашимото? Топ митови за храната кај Хашимото
- 4.1Правила во однос на исхраната со Хашимото
- 4.2Регулација на нивото на крвниот шеќер во текот на денот-зошто е толку важно?
- 4.3Стратегии што ќе ви го олеснат подготвувањето на храна
- 4.4Јадење во ресторант- на што да внимавате?
- МОДУЛ 5- ПРОТОКОЛ ЗА ЦРН ДРОБВо протоколот за црниот дроб ќе се насочиме кон оптимизирање на неговата работа, со цел да постигнеме максимален ефект во рамките на самата програма. На крајот од видео лекциите во секција МАТЕРИЈАЛИ, ќе ги најдете рецептите за оптимизирање на црниот дроб, што ќе бидат користени по време на протоколот за црн дроб, како и прашалник за евалуација на моменталната состојба на вашиот црн дроб.11
- 5.0Колку токсичен е вашиот црн дроб?
- 5.1Вовед- Важноста на црниот дроб кај Хашимото
- 5.2Отстранување на инфламаторните намирници
- 5.3Воведување на храна за потпомагање на црниот дроб
- 5.4Отстранување на токсини и замена со нетоксични продукти
- 5.5Суплементи за подобрување на работата на црниот дроб
- 5.6MATЕРИЈАЛИ- Исфрлање на зиноестрогени + домашно приготвени препарати за чистење
- 5.7МАТЕРИЈАЛИ- Елиминациона фаза- дозволени и забранети намирници
- 5.8МАТЕРИЈАЛИ- Рецепти за протоколот за црниот дроб
- 5.9НАМИРНИЦИ ОД ПРОДАВНИЦА
- 5.10ФИЛТРИ/БОКАЛИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОДА
- МОДУЛ 6- АДРЕНАЛЕН ПРОТОКОЛВо овој модул ќе разговараме за тоа која е поврзаноста помеѓу надбубрежните жлезди, кои испитувања можете да ги направите во домашни услови за да утврдите дали имате проблем со дисфункција на HPA axis( адренална дисфункција0 и се разбира техники што ќе ни помогнат да ги вратиме во нормала нашите надбубрежни жлезди и да го регулираме нивото на стрес.6
- МОДУЛ 7- ДИГЕСТИВЕН ПРОТОКОЛКога станува збор за Хашимото, зголемената пропусливост на цревата е една од основните работи на која се фокусираме доколку сакаме даа го воведеме во ремисија Хашимото. Во овој модул ќе се фокусираме на причините за зголемен пермеабилитет, најчестите инфекции кај Хашимото и како да успееме да го вратиме во нормала зголемениот пермеабилитет и нормалната функција на цел дигестивен тракт.6
- 7.1ПРАШАЛНИК ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ДИГЕСТИВНО ЗДРАВЈЕ
- 7.2Најчести причини за создавање на зголемена пермеабилност кај Хашимото
- 7.3Најчестите инфекции кај Хашимото
- 7.4Протокол за заздравување на дигестивен тракт и решавање на дигестивни проблеми
- 7.5Прашалници за потенцијален ризик од најчестите инфекции кај Хашимото
- 7.6Протоколи за лекување на најчестите инфекции кај Хашимото
- МОДУЛ 8- ФАЗА НА РЕИНТРОДУКЦИЈАОвој модул го започнуваме откако веќе сме постигнале потполна контрола над сите симптоми со кои се соочувате. Фазата на реинтродукција многу важна и нејзино погрешно применување може да направи да се вратите неколку чекори назад.2
- МОДУЛ 9- КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА ДА ОСТАНЕТЕ ВО РЕМИСИЈА3
- ВОДИЧИ ЗА РАЗЛИЧНИ ПРОБЛЕМАТИКИ И СИМПТОМИОвде ќе најдете водичи што ќе ве упатат што да направите доколку се соочувате со некој од дадените симптоми. Консултирајте се со мене пред да применувате нешто на своја рака од овие водичи!10
- 10.0ВОДИЧ ЗА АНКСИОЗНОСТ
- 10.1ВОДИЧ ЗА ЕСТРОГЕНСКА ДОМИНАНЦИЈА
- 10.2ВОДИЧ ЗА ГЛАВОБОЛКИ И МИГРЕНИ
- 10.3ВОДИЧ ЗА ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ
- 10.4ВОДИЧ ЗА НАМАЛУВАЊЕ КИЛОГРАМИ
- 10.5ВОДИЧ ЗА МУТАЦИЈА НА MTHFR ГЕН
- 10.6ВОДИЧ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА МЕНСТРУАЛНИ БОЛКИ
- 10.7ВОДИЧ ЗА ХРОНИЧЕН УМОР
- 10.8ВОДИЧ ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСА
- 10.9ВОДИЧ ЗА ГЕРБ(РЕФЛУКС)
- ПРАШАЛНИЦИОвие прашалници во голема степен ќе ви дадат насока дали сте дефицитарни на дадени нутриенти. Пополнете ги по завршување на видео материјалите во Модул 2- Дефицит на нутриенти.6

Share This Course
Related Courses
Modal title
Контактирај ме
- +389 (0)77 706 788
- info@bekamedika.com
- Ул. „Ванчо Прке“ бр.3, 2310 Виница



