Нема продукти во Кошничката.

Програма за подуеност

HomeПрограмиПрограма за подуеност

Програма за подуеност

12.000 ден

By: д-р Марија

Доколку се соочувате со постојана подуеност, сигурно веќе сте посетиле повеќе здравствени лица, коишто во најголем степен ќе ви кажале дека имате нервозни црева и дека подуеноста ви е ОД СТРЕС.

Како знам? Знам затоа што бев на вашето место. Точно знам како е да се чувствуваш како бремена во 7. месец и да знаеш дека нешто не е во ред, но да те убедуваат во спротивното, затоа што вообичаените лабораториски анализи се сосема во ред.

Сопствениот проблем ме натера да ги поминам сите можни едукации надвор од нашава држава, со цел да најдам решение за мојот проблем, а воедно и на сите мои пациенти што се среќаваа со истиот проблем.

Затоа, доколку постојано се чувствувате подуено, ќе работиме заедно за да ги идентификуваме основните причини за вашата надуеност и ќе развиеме приспособен план за лекување, што ќе ви помогне да го ребалансирате вашиот дигестивен систем и да ставите крај на надуеноста еднаш засекогаш.

Преку комбинација на промени во исхраната, насочени суплементи и модификации на животниот стил, ќе ви помогнам да ставите крај на  фрустрациите од надуеноста и да заживеете нормален живот, без никакви дигестивни проблеми.

ДА, САКАМ ДА СТАВАМ КРАЈ НА ПОДУЕНОСТА!

+

 

Многу луѓе мислат дека знаат што ги предизвикува нивните гасови и надуеност. Луѓето обично веруваат дека  храната што ја јадат e причина за нивната подуеност. Ова може да биде вистина, но е само еден мал дел од многу, многу поголема слика. Всушност, може да има неколку причини зошто толку често се чувствувате подуено и имате прекумерна количина на гасови:.

  • Запек
  • Дисбиоза на цревата
  • Нетолеранција на храна
  • Проблеми со подвижноста на самите црева
  • Недијагностицирана медицинска состојба
  • SIBO
  • IBS
  • Целијакија
  • Кронова болест
  • Улцеративен колитис
  • Егзокрина панкреатична инсуфициенција (ЕПИ)
  • Дисфункција на жолчното ќесе
  • ГЕРБ