Уморни сте од постојаното непријатно чувство на киселина?
Рефлуксот претставува голем проблем, кој може да го наруши квалитетот на вашиот живот. Кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот, може да предизвика низа непријатни симптоми, од горење во градите до хронично кашлање, па дури и тешкотии при голтање.
Освен непријатното чувство, може да има и сериозни долгорочни последици по вашето здравје. Кога не се лекува, рефлуксот може да доведе до воспаление и иритација на хранопроводот, зголемувајќи го ризикот од компликации, како што се: стриктури на хранопроводот, чиреви, па дури и рак на хранопроводот.
Затоа, особено важно е да го решите овој проблем. Но, точно овде и лежи проблемот: многу конвенционални третмани, како што се: инхибиторите на протонската пумпа од типот на Еманера, Нолпаза, Омепразол, Ланзопразол, Пантопразол (PPIs), всушност МОЖЕ ДА ЈА ВЛОШАТ здравствената состојба доколку се користат подолг временски период.
Овие лекови имаат задача да ја намалат количината на киселина што ја произведува вашиот желудник, што може да обезбеди привремено „маскирање“ на симптомите. Но, со текот на времето, нивната употреба може да доведе до низа несакани ефекти и компликации, вклучувајќи: недостаток на хранливи материи, зголемен ризик од инфекции, па дури и уште поизразен рефлукс кога ќе се обидете да престанете да ги земате.