Со потврдување на Вашето учество во дигиталните продукти, се смета дека ги прифаќате сите правила и услови наведени во овој документ.
1. Природа на производот
Програмата претставува дигитален образовен и советодавен производ, со временски ограничен пристап до поддршка од страна на експертски тим, како и доживотен пристап до едукативни содржини.
2. Начин на плаќање
Клиентот има можност да ја уплати целосната вредност на Програмата еднократно или да ја исплати во договорени месечни рати, согласно понудените модели.
3. Обврска за уплата
Доколку клиентот избере да ја исплати Програмата на рати, се обврзува:
-
Да извршува редовна месечна уплата според однапред договорениот план.
-
Секоја месечна рата мора да биде уплатена најдоцна 5 дена по истекот на претходниот месец. Во спротивно, се смета за прекршување на договорот, и може да се преземат соодветни постапки за наплата, вклучително и правна постапка и вклучување на правен застапник.
4. Нема право на откажување
Со пристапувањето кон Програмата, клиентот ја потврдува својата одлука за учество и нема право на еднострано раскинување или враќање на средства поради промена на околности, расположение, финансиски можности или било која друга причина која не е предизвикана од страна на организаторот на Програмата.
5. Согласност
ССо уплатата на првата рата или целосната сума, клиентот изречно се согласува со сите горенаведени услови, согласно член 10 од Законот за облигациони односи, кој предвидува дека страните се должни да ги исполнат своите обврски и одговараат за нивното исполнување.